Британската влада нема намера повеќе до крајот на годината да ги отстрани сите закони кои датираат од периодот кога Обединетото Кралство беше дел од Европската унија, што се доживува како „црвена крпа“ за жестоките поборници на брегзитот и што предизвикува загриженост кај деловните луѓе и опозицијата дека ќе дојде до правна несигурност и бирократски хаос.
Владата во средата објави измена на планот за законодавните активности според кој до крајот на 2023 година ќе повлече околу 600 од вкупно 4.000 европски закони кои сѐ уште се на сила и откако Велика Британија од 2020 година истапи од членството во Европската унија.
Претходно беше донесен закон со кој се наложуваше до крајот на оваа година да бидат повлечени сите европски закони, освен оние за коишто експлицитно се наведува дека остануваат на сила. Портпаролот на британскиот премиер Риши Сункак во јануари рече дека тој рок нема да биде продолжен.
„Владата денеска го измени планот… цела е деловните луѓе да не бидат во неизвесност“, вели министерката за економија и трговија Олукеми „Кеми“ Олуфунто Баденок (Бејднок) во дописот до парламентиот.
Досега се повлечени 1.000 европски закони, а планирано е да бидат повлечени уште 500.
Меѓутоа, Џејкоб Рис-Мог, пратеник од владејачката Конзервативна партија кој е жесток поборник на целосното прекинување на секаква поврзаност со Европската унија, изрази разочараност од ваквата владина одлука.
„Премиерот попрво би го прекршил своето ветување, отколку да ги отстрани европските закони“, објави Рис-Мог на Twitter.
Опозициските политичари веќе подолго време предупредуваат дека повлекувањето на европските закони силно ќе ја оптоварат државната управа, ќе им овозможи на министрите своеволно да ги заменуваат со нова регулатива и ќе ја ослаби регулаторната заштита.
Речиси половината од британските деловни луѓе сметаат дека е подобро да се задржат законите од периодот на членството во Европската унија, отколку владата да ги избрише, покажува анкетата која беше објавена претходно во мај.