Велика Британија има намера да постигна сеопфатен договор за слободна трговија со Европската унија и сака тој да биде потпишан набрзо откако на крајот од март 2019 година ќе го напушти блокот, изјави во неделата министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис.
По постигнувањето на иницијалниот договор во петокот за преминување на преговорите за британското истапување во втората фаза, британската премиерка Тереза Меј сака да започне да ги разгледува идните односи со Европската унија, а особено договорот за трговијата за да се обиде да понуди поголема сигурност за деловните луѓе.
Меѓутоа, и покрај уверениот тон во изјавата на Дејвис, функционери на ЕУ рекоа дека ќе бидат покренати преговори за правно обврзувачки договор дури откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ и ќе стане „трета земја“, се наведува во нацртот од насоките за преговорите.
„Тоа не е толку комплицирано, се враќаме на точката на усогласеност… Започнуваме со многу усогласеност, почнуваме со целосно совпаѓање за пота да можеме да ги разработиме“, изјавил Дејвис за британскиот јавен сервис BBC, пренесува агенцијата Reuters.
„Станува зор за тоа како ќе ги надвладееме разликите за тие да не го поткопаат пристапот до пазарот“, рекол Дејвис опишувајќи го својот посакуван договор како „Канада плус плус плус“.
Дејвис рекол дека Велика Британија нема да ѝ плати на Европската унија сметка за Брегзитот во износ од 40 до 45 милијарди фунти, доколку не постигне трговски договор со Брисел, наведува агенцијата AFP.
„Доколку нема договор, нема да платиме“, истакнал Дејвис додавајќи дека сепак можноста Лондон да ја напушти ЕУ без трговски договор „радикално се намалила“.
ЕУ разгледува договор за слободна трговија со Британија по Брегизтот кој би бил сличен на оно кој постигнат минатата 2016 година со Канада. Меѓутоа, британската економија е речиси двојно поголема од канадската, и британските функционери изјавија дека нивната сегашна усогласеност со стандардите на ЕУ и многу поблиските трговски врски им даваат простор за дури и подлабоки односи.