Украинските сили кои го бранат Бахмут се под зголемен притисок од руските сили, објави во саботата ноќта британското воено разузнавање, додавајќи дека борбите се интензивираат во и околу градот.
Украина испраќа елитни трупи во областа, додека редовната руска армија и силите на приватната воена компанија „Вагнер“ навлегуваат сѐ подлабоко во северните предградија на Бахмут (Артомјовск, на руски), град во источната украинска одметната доминатнот руска област Доњецк, објави британското Министерство за одбрана во редовен билтен.
Генералштабот на вооружените сили на Украина објави на Facebook во саботата ноќта дека руските војници се обидуваат, но не успеваат да го опколат Бахмут, додавајќи дека бранителите одбиле бројни напади во и околу градот.
Украинскиот воен аналитичар Олех Жданов изјави во саботата вечерта дека не гледа знаци дека Киев ќе нареди повлекување од градот, и покрај тоа што некои командатни во Бахмут претходно во саботата објавија дека добиле наредби да се повлечат.
„Во моментов ситуацијата е повеќе или помалку стабилна. Кога станува збор за напредувањето на руските сили, ние практично го запревме“, рече Жданов во својот осврт објавен на YouTube.
Британското Министерство за одбрана извести дека двата клучни моста во Бахмут биле уништени во последните 36 часа, додавајќи дека Украинците држат сè помалку рути за снабдување. Руското министерство за одбрана претходно седмицава извести дека украинските сили ги урнале речиси сите мостови на реката Бахмутка кои водат кон градот.
Еден од овие мостови го поврзува Бахмут со последната рута за снабдување од градот Часив Јар, кој е под контрола на украинските сили, кој се наоѓа на околу 13 километри западно, се додава во извештајот.
Украинскиот Генералштаб соопшти дека руските напади биле одбиени во селата Васјукивка, Орихово-Василевка, Дубово-Василевка и Хрикоривка, кои се наоѓаат северно од центарот на Бахмут.
Се проценива дека заземањето на Бахмут ќе биде отскочна штица во освојувањето на индустрискиот регион Донбас, една од најважните руски цели на воената операција.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го опиша Бахмут како „тврдина“, во саботата ноќта во вообичаеното видео-обраќање им се заблагодари на бранителите во градот, но не даде детали за борбите.