Лондон вели дека руските трупи се приближуваат на втората најголема централа во Украина

Руските сили веројатно се приближуваат на втората најголема електрична централа во Украина во Углегарск или Вухлехирск, 50 километри североисточно од Доњецк, на територијата на одметната од 2014 година доминантно руска област која е речиси целосно под контрола на сепаратистите и руските сили, соопшти во четвртокот британското разузнавање.

„Русија дава приоритет на заземањето на клучната украинска инфраструктура, како што се централите“, објави британското министерство за одбрана во редовниот дневен билтен во врска со војната во Украина, во којашто Велика Британија има голема улога на страната на Киев.

Министерството, исто така, додава дека Русија „веројатно се обидува на пробив“ кај Углегарск во рамките на настојувањата да започне нов залет во напредувањата кон клучните но веќе опколени градови Краматорск и Славјанск, кои се единствените во регионот преостанати под контрола на украинските сили.

Во објава на социјалните мрежи, украинската команда, пак, објави дека не гледа знаци дека руските трупи формираат посебни ударни групи за да започнат нова офанзива.