Лондонски полицаец призна вина за грабнувањето и силовањето на Сара Еверард

Лондонски полициски позорник ја призна во вторникот вината за грабнувањето и силувањето на 33-годишната Сара Еверард чишто исчезнување додека се враќала дома во јужен Лондон вечерта на 3-ти март, предизвика жестока дискусија на национално ниво за злосторствата и безбедноста на жените на улиците.

Телото на несреќната жена беше пронајдени повеќе од една седмица од исчезнувањето во шума во Кент, околу 80 кулометри подалеку од местото каде што Еверард била последен пат била видена.

На судот претходно беше кажано и дека телото на жртвата било најдено во голема вреќа за шут, и дека е идентификувано според стоматолошкиот картон. Кузенс на лондонската градска полиција ѝ се приклучил во 2018 година и до апсењето бил ангажиран во обезбедувањето на странските амбасади.

Четириесет иосумгодишниот лондонски полицаец Вејн Кузенс, ја признал вината за нејзиното грабнување и силување, објави британската новинска агенција Press Association (PA).

Рекол, исто така, дека ја презема одговорноста за нејзината смрт, но официјалното изјаснување за вината изостанало, се наведува во информацијата. Допрва треба да се види дали ќе се соочи со обвинување за намерно убиство или за убиство од небрежност.

Членовите на семејството на Еверард биле присутни на рочиштетот пред кривичниот суд во Олд Бејли, кога полицаецот ја признал вината. Следното рочиште е закажано за 9-ти јули.

Исчезнувањето на младата жена ја интригираше британската јавност, а интересот порасна откао беше пронајдено нејзинот тело и кога беше откриено дека осомничен е лондонски полицаец. На бдеењата кои траеја со денови по наоѓањето на телото на Еверард се појави и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Полицијата присилно ги задуши собирите, повикувајќи се на прописите за физичко растојание во пандемијата, а јавноста ја критикуваше поради примената на агресивни тактики. Но истрагата на надлежното надзорно тело покажала дека полицајците исправно постапувале.