Лондонски музеј објави дека се согласил да ѝ врати на Нигерија древни уметнички артефакти ограбени во XIX век во областа на Кралството Бенин, пренесува во неделата BBC.
Музејот „Horniman“ потврдил дека 72-та предмети ќе ѝ бидат вратени на нигериската влада. Меѓу нив се и 12 месингани плочки познати како Бенинска бронза, месинген петел и клуч за кралската палата.
Нивното враќање во јануари годинава го Националната комисија за музеи и споменици на Нигерија.
Директорката на лондонскиот музеј изјавила за BBC дека е етичко и исправно историските уметнички дела да бидат вратени.
„Постојат многу јасни докази дека тие предмети се стекнати со сила и консултациите со надворешните стручњаци го поддржаа нашиот став дека е морално и правилно да бидат вратени на Нигерија“, оценила директорката Ив Саломон.