Лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“ („V&A“) најави изложба којашто ќе ја истражува „нанадминливата“ 40-годишна кариера на моделот Наоми Кемпбел, „прва од ваков вид“ во овој познат музеј.
Изложбата под едноставен наслов „Наоми“ во музејот ќе ја престави „haute couture“ (висока мода) гардеробата на манекенката родена во Лондон, „интересни конфекциски парчиња за облека“, како и гардеробата којашто ја носела а за изложбата на музејот ќе му ја отстапат познатите светски дизајнери од своите архиви, објавија од „V&A“.
Станува збор за првата изложба на познатиот лондонски музеј којашто ќе биде фокусирана на кариерата на една од водечките модел на дешнината, раскажана низ нејзината облека во комбинација со фотографии и снимки од гласот на Кемпбел.
Кураторите на изложбата ќе прикажат околу стотина „лук-ови“ од четирите децении долгата кариера на Наоми Кемпбел во модната индустрија, меѓу кои се и дизајнерски парчиња од Александер Мекквин, од модните куќи „Chanel“, „Dolce&Gabbane“…, на тунискиот дизајнер Азедин Алеи, на Џани и Донатела Версаче, на Вивиен Вествуд и други големи имиња од светската мода.
Педесет итригодишната Кемпбел долго соработуваше со британскиот бренд „McQueen“. Ги носеше ревиите на познатиот бренд уште додека беше жив неговиот прв креативен директор Александер „Ли“ Мекквин.
Постојано беше присутна како модел и на ревиите на славната Вивиен Вествуд. На нејзината модна ревија есен/зима 1993 година грациозно се сопна и падна на пистата, носејќи ги виолетовите чевли со вртоглава платформа на Вествуд.
Наоми беше позната и како една од омилените „девојка на Џани“, односно Џани Версаче.
Едно од највпечатливите појавувања на Наоми Кемпбел на модната писта се случи во 1991 година, кога заедно со другите „супермодели“ Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд и Линда Евангелиста прошета рака-под-рака, пеејќи го големиот хит „Freedom“ на покојниот Џорџ Мајкл.