Лондонскиот суд во вторникот ќе одлучува дали е во интерес на правдата продолжување на правниот процес на основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks, Џулиан Асанж, бидејќи во 2012 година не го почитувал прописите за престој на условна слобода.
Доколку пресудата биде во негова полза, 46-годишниот Австралиец, ќе биде слободен да ја напушти еквадорската амбасада во Лондон, каде што практично е затворен веќе повеќе од пет години.
Меѓутоа, Џулијан Асанж би можел да избере и натаму да остане во амбасадата, каде што му е одобрен политички азил, од страв Велика Британија да не го екстрадира во САД, поради судење за објавувањето на стотиците илјади класифицирани воени и дипломатски документи кои ја разобличуваа американската актвивност во војните на Блискиот исток како и во односите со другите држави, особено со сојузниците. Воедно, тоа е досега најголемото истекување на доворливи информации во јавноста во американската историја.
Асанж побара засолниште во еквадорската амбасада за да го избегне предавањето Шведска, каде беше обвинет за два случаи наводни силувања. Обвинувањата за силувања во Шведска во меѓувреме е отфрлена, но за британските власти Асанж и натаму го крши законот.
Адвокататите на Асанж побараа дека со отфрлање на британскиот налог за апсења, бидејќи шведските се откажале од своите истраги и барања за екстрадиција, но лондонскиот суд го одби тоа барањетоа .
Потоа побараа судот да разгледа дали е во интерес на правдата продолжување на прогонот на Асанж поради кршење на престојот на условна слобода, за што судијката Ема Арбатнот треба да одлучи на Вестминстерскиот суд во вторник.