Лондонскиот суд пресуди дека Асанж не може да биде екстрадиран во САД, поради опасност по неговиот живот

Судот во Лондон донесе одлука во понеделникот дека основачот на разоблочувачкиот итернет ресурс WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж, не може да биде екстрадиран во САД со образложение дека постои опасност за неговиот живот, пренесуваа агенциите.

Одлуката ја објави судијката на Вестминстерскиот магристратски суд Ванеса Барајтсер, под чие претседателство за случајот заседаваше Централниот кривичен суд на Лондон во Олд Бејли.

Одлуката за неизрачувањето на Асанж е донесена по повеќе од десет години меѓународни правни постапки и контроверзии кои го следат случајот. Денешната пресуда на британскиот суд е подложна на жалбена постапка. Тој ќе остане во затовор во периодот во кој жалба може да поднесе американското обвинителство.

Адвокатот на Асанж изјави непосредно по изрекувањето на одлуката дека ќе бара негово ослободување со кауција.

Судот го признал фактот дека Асанж страда од аутизам и клиничка депресија, и оти исто така е склон на самоубиство. Според судијката Барајтсер, неговата состојба може сериозно да се влоши како резултат на негово држење во самица во САД. Тој, исто така, „поседува доволен интелектуален капацитет“ да заобиколи секакви мерки за спречување обид за самоубиство. Со тоа, ризикот за животот на осомничениот е основа за одбивањето тој да биде израчен, во случајов на американските власти.

Против 49-годишниот Асанж во САД под обвинение за шпионажа и заговор подигнати се 18 точки од обвинението поради обајвувањето на најмалку 500.000 документи со озната на тајност од 2020 година. Станува збор за доверливи документи со поединости за американските воени операции во Авганистан и Ирак. Исто така, на WikiLeaks беа објавени и илјадници преписки на дипломатијата на САД, во кои се открија непријатни забелешки и мислења за бројни светски челници, вклучително и американските сојузници.

За 18-те точки од обвинението, кои против Асанж ги покрена американското министерство за правосудство, на Австралиецот вкуоно му се закануваат 175 години затвор.