Натпреварот од Премиер лигата меѓу лондонските екипи Тотенхем и Вест Хем е одложен за 4 јануари поради безбедносни причини.
Дуелот првично беше закажан за 31 декември во 15 часот и 15 минути, но е одложен по препорака од локалните власти кои велат дека најмногу 43 илјади гледачи можат да бидат примени на „Вембли“ што е половина од капацитетот на стадионот.
Главната причина за препораката е проблемот со јавниот транспорт и метрото, кое се очекува да биде преоптоварено во пресрет на новогодишната ноќ.