Мануел Гарсија, агентот на првиот голман на шпанскот гигант Реал (М), Диего Лопез, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека неговиот клиент за време на летниот преоден рок ќе се пресели во италијанската Серија А и дека најголем интерес за неговите услуги покажале челниците на Милан и Наполи.
„Не сум добил никаква понуда, не е точно дека сум контактиран од раководните лица на Милан и Наполи. Според моменталната ситуација, најголема е веројатноста дека мојот клиент и во новата клупска сезона ќе брани за Реал (М). Лопез има многу чвртс карактер, станува збор за вистински професионалец, кој е фокусиран само за својата работа. Многу не се замара со тоа дека не е миленик на најверните фанови на Реал (М),“ изјави Гарсија.