Пејачката Џенифер Лопез и поранешната бејзбол ѕвезда на Њијокр Јенкис, Алекс Родригез, соопштија во саботата дека „работат на некои нешта“, но вестите дека ја прекинале врска ги нарекоа „неточни“.
Доброизвестениот интернет портал за вести од животот на славните TMZ, порталот New York Post’s Page Six и други американски извори во петокот известија дека двојката раскинала.
„Сите извештаи се неточни. Работиме на некои нешта“, објави двојката во заедничка изјава за медиумите.
Педесет иедногодишната Лопез и 45-годишниот Родригез во врска се речиси четири години и минатата година купија куќа во Мајами вредна 40 милиони долари.
Родригез во петокот објави селфи на социјалните мрежи е снимен на брод во Мајами. „Не грижете се за мене, сао ја земам едрилицата, Кои се вашите планови за викендот?“, напиша.
Лопез истовремено беше во Доминиканската Република каде сними филм и се огласи во четвртокот на социјалните мрежи со пораките „Изнајдете добра причина за смеење уште денеска“.
„Имаат тежок период, но не раскинаа. Таа работи во Доминиканската Република, а тој во Мајама, па тешко успеваат да се видат“, рекол извор близок на двојката за магазинот The People.