Хорхе Лоренцо со Дукати е победник на италијанското ГП кое денес се возеше на патеката во „Муџело“.
На второто место зад Лоренцо се пласира минатогодишниот победник Андреа Довициозо. Лош ден имаше Марк Маркез, лидерот во генералниот пласман, кој падна и мораше да ја брка конкуренцијата од „опашката“ за на крај да заврши на 16. место. Освојувачот на пол-позицијата и миленикот на домашната публика, Валентино Роси, не ги оправда очекувањата и ја освои третата позиција.
Во топ10 на оваа патека уште имаше место и за Андреа Јаноне, Ринс на 5. позиција, потоа следуваат, Крачлоу, Петручи, Вињалес, Баутиста и Зарко.
По пауза од две недели ќе се вози седмата сезонска трка во Каталонија, Шпанија.
Во генералниот пласман Маркез е прв со 95 бода, а зад него сега е Роси со 72, па следи неговиот клупски колега Маверик Виљалес со 67 поени, Довициозо со 66 и.т.н.