Македонската атлетичарка Христина Ристеска заврши како последнопласирана на трката на 400 метри на Европското првенство во сала кое се одржува во Прага.
Заостанувањето зад првопласираната Мари Гајот беше дури пет секунди, односно трката ја заврши со време од 57,95 секунди. Ова е за 9 стотинки послаб резултат од нејзиниот сопствен рекорд кој изнесува 57,86 секунди.
Утре во 11 часот ќе настапи и Ристе Пандев кој ќе трча на патеката долга 60 метри.