Кремљ во петокот соопшти дека изгледите за односите меѓу Русија и Европската унија се лоши откако лидерите на ЕУ ја номинираа Урсула фон дер Лајен за уште еден мандат на функцијата шеф на Европската комисија и ја избраа естонската премиерка Каја Калас како висок претставник за надворешна политика.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите на редовниот брифинг во петокот дека одлуката на Унијата да ја номинира Германката Урсула фон дер Лајен за втор петгодишен мандат нема да промени ништо.
„Госпоѓата фон дер Лајен не се залага за нормализација на односите меѓу ЕУ и Русија. Како ткава ја познаваме, таква ја паметиме. Ништо не се менува во таа смисла“, рече Песков.
Порано поделена, Унијата се мобилизираше финансиски и воено да му помогне на Киев во неговата борба против Русија по почетокот на на руската инвазија во Украина кон крајот на февруари 2022 година, како што објасни Москва првенствено да се спечи погромот и протерувањето на мнозинското руско и рускојазично население од соседната земја каде што прозападните власти се амбициираа за влез на земјата во НАТО што во Кремљ го гледаа како директна закана за безбедноста и суверенитот на Руската Федерација.
Брисел, исто така, уште од 2014 година започна со воведување повеќе пакети санкции против Русија за да се обиде да ја принуди да ги повлече своите сили. Меѓутоа, сепак, се чини дека Русија засега не е начната од овие мерки на Брисел.
Коментирајќи го изборот на естонскиот премиер Калас за шеф на европската дипломатија, Песков рече дека таа е позната по својата антитурска реторика.
„Госпоѓа Калас, исто така, не покажа дипломатски склоности, а кај нас е позната по своите апсолутно бескомпромисни и понекогаш отворено антитурски ставови“, рече тој.
„Затоа, не мислиме дека европската дипломатија на кој било начин ќе придонесе за нормализирање на односите. Лоша е перспективата што се однесува до односите меѓу Москва и Брисел.
Пред избувнувањето на руско-украинската војна, Естонија во неколку наврати беше критикувана од телата на ЕУ и на ОН, како и од Русија, за големиот број лица кои не можат да добијат државјанство. Во Естонија, со 1,3 милиони жители, околу 84 отсто имаат државјанство. Бројот на естонски жители кои го имаат државјанството на Руската Федерација, е повеќе до 100.000, а уште 90.000 луѓе, претежно русофони, немаат никакво државјанство.
Во Естонија, како и во соседните балтички држави Латвија и Литванија, балтички земји кои по осамостојувањето од Советскиот сојуз во 1991 година станаа членки на Европската унија и на НАТО, добивање на нивно државјанство не им е овозможено на сите нивни жители. Државјанство може да добијат само оние чии родители или самите тие живееле во земјата до 1940 година. Другите може да добијат државјанство преку натурализација, за што треба да полагаат устен и писмен испит за познавање на државниот јазик.