4.8 C
Skopje
четврток, јануари 9, 2025

Лошото управување со кризата на Владата на СДСМ ја турна земјата во втор пик на епидемијата

Македонија со новите десетици заразеи од коронавирусот влегува во нов пик на епидемијата, а во услови кога сите земји во регионот немаат заболени и по две седмици, земјата поради лошиот менаџмент на Владата на СДСМ е остров на зараза во сред регион без корона, вели Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Организирање на избори во ваков пик на коронавирус претставува масовно самоубиство. Деновиве стана јасно, дека постои силно политичко влијание и притисок врз Комисијата за заразни болести. Тие работат под политички диктат на Зоран Заев и Венко Филипче. Наместо заштита на здравјето на граѓаните, Комисијата се труди да му удоволи и да ја спаси политичката кариера на еден политичар во заминување“, рече Николов.

Посочи дека додека во земјите од регионот и во светот се прават јасно детерминирани и дефинирани планови за олабавување на мерките, претседателот на Комисијата и членовите од кои шест директори назначени од министерот за здравствто Венко Филипче, и еден на листа за пратеници, сакаа да му удоволат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„И тоа со убедување дека ќе изготват јасни протоколи кои ќе ја обезбедат и заштитат популацијата. За жал, само во последните три дена имаме 125 ново заразени и плус денешните 60-ина и 12 починати од кои 5 во текот на вчерашниот ден. Професионално размислување на лекар, никогаш не би потврдило и препорачало дека во вакви услови, можни се безбедни избори“, истакна Николов

ОЦени дека Македонија се претворла во земја која го има својот втор пик на коронавирус уште сега.

„Кампањата и делењето на пакети по штабовите на СДСМ си го сторија своето“, категоричен е Николов

Додаде дека статистичките податоци укажуваат дека Македонија е на второ место во југоисточна Европа по бројот на починати на милион жители веднаш пое Романија.

„Имаме повеќе починати на  милион жители од Грција, Бугарија и Албанија заедно. Земјите од опкружувањето како Црна Гора, Словенија и Хрватска, во последните неколку недели немаат ниту еден ново регистриран случај“, заклучи др Николов