Денес со нас ги имаме и земјоделците и ловџиите и багерите, истакна Богдан Илиевски, еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“на почетокот од протестот.
-Две четворки на бројот на денови откако излеговме на улица и не планираме да се вратиме дома до исполнување на нашите барања. Како минатите 43 дена, така и денес, мирни и достоинствени, горди, среќни, насмеани луѓе кои ја сакаат својата држава, рече Илиевски.