Шеесет и шест годишниот А.З. од село Врбјане вчера бил пронајден починат во Маврово на местото викано Казане.
-Истиот бил пронајден од страна на Д.Д. (30) и Д.С. (56) двајцата од с.Маврово, со кои А.З. бил договорен да одат на лов, информираат од МВР.
Од страна на лекар била констатирана смрт и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.