Ловечката Федерација на Македонија бара средба со министерот Спасовски

Ловечка Федерација на Македонија:

Ловечката федерација на Македонија на 5 Април 2023 година достави официјален допис до г-дин Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи во кој детално се образложени манипулациите кои се направени од страна на Лидија Петрова Мојсова, претседателот на работната група на МВР и началник на Секторот за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност во МВР, при изработка на финалниот текст на Предлогот за измени и дополнувања на Законот за оружје и воедно побаравме и работна средба со министерот.

Иако, помина скоро месец дена од доставувањето на нашиот официјалниот допис, немаме никаков писмен одговор од страна на министерот Оливер Спасовски, ниту е остварена работна средба.

За таа цел ЈАВНО ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ СЕ ОБРАЌАМЕ  до г-дин Оливер Спасовски министерот за внатрешни работи да покаже доблест и да оствари работна средба со претставници на Ловечката Федерација на Македонија во врска со настанатиот проблем со Предлогот за измени и дополнувања на Законот за оружје, пред сѐ во интерес на повеќе од 100 000 граѓани иматели на ловечко оружје во нашата држава.