Се укинаа термини за железничката линија Битола – Скопје – Битола, претходно беа укинати Скопје – Кочани – Скопје, нема Скопје – Белград – Скопје, зошто се прави тоа кога се знае дека тоа е исплатлив и еколошки превоз, го праша министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Олга Лозановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
„Ветувавте инклузија на децата во градинките, како и кога ќе ја спроведете инклузијата на децата во градинките деца со атипичен развој. Родителите велат да запишат дете во градинка е научна фантастика и укажуваат дека во градинките нема соодветен кадар како логопеди и дефектолози. Прашањето ми е, како може да важат исти услови за упис на деца и со типичен и со атипичен развој“, ја праша Лозановска, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Лозановска укажа што се не направила Владата предводена од СДСМ, а ветувала дека ќе направи во здравството.
„Ветувавте се е и сешто во здравството, а нема ништо. Ветувавте бесплатно болничко лекување за граѓаните, инвестирање во јавните здравствени установи, зголемување на основна плата на здравствени работници за 100 проценти за да се задржат во земјава, ветувавте мрежа на здравствени установи со цел покриеност на цела територија…. Ветувате и многу други работи како медицински стоматолошки и фармацевтски факултет во Клиничка болница Битола, па до каде сте со тоа“, ја праша Лозановска, заменик министерката за здравство Маја Манолева.