
Лозјата во Тиквешко денеска ќе бидат традиционално закроени по повод одбележувањето на празникот посветен на заштитникот на лозарите и винарите Св. Трифун.
На чинот на закројувањето на лозовите насади на Тиквеш на локацијата Лепово, покрај менаџерскиот тим на Винарската визба Тиквеш, ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Михаил Цветков.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, по повод верскиот празник Свети Трифун, ќе ја посети општина Неготино.