
Лозароовоштари од Тиквешко попладнево го блокираа патот Градско-Прилеп кај Росоман, незадоволни од цените за килограм грозје и праски.
– Работата на земјоделецот е неисплатлива бидејќи никој не ги зема во предвид деновите поминати на работа во нива, при формирање на цени на земјоделски производи. Земјоделецот работи и заработува колку да го прехрани семејството. Но и тоа веќе не е можно, бидејќи повеќе се троши на производство, отколку што се заработува од продажбата на земјоделските производи, изјави Трајче Душковски од росоманско Трстеник, производител на грозје и праски.
Блокадата ќе трае еден час, најавија организаторите – новоформираното регионално здружение „Тиквешки лозароовоштари“.