![sreki-kocki-640x637](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/sreki-kocki-640x637.jpg?resize=640%2C637&ssl=1)
Младиот добитник Д.С. купил два инстант лоза од кои вториот му ја донел добитната комбинација на четири исти коцки. Лозот е купен во среќното место АИДА во Ново Село, кое е веќе познато по честите добивки меѓу кои премии автомобили и парични добивки до 500.000 денари.
Семејстово на нашиот најнов добитник често игра игри на среќа, а ова им е првата поголема добивка. Со нас споделија дека се надеваат дека следната добивка ги очекува во омилената семејна игра – играта НовоЛото 7/34. Токму оваа игра на среќа на Државна лотарија на Македонија, чии извлекувања се секоја среда и сабота на ТВ Сител од 20:00 часот, ја носи најголемата премија во Македонија, која за следното коло изнесува над 16.000.000 денари.
Денес во Државна лотарија на Македонија се запознавме и со најновиот добитник на парични добивки од инстант лозот Твингоманија. Добивката изнесува 25.000 денари, а постигната е во Охрид, на лоз купен од продажното место Голден Тобако, каде добитникот купил три лоза од кои третиот бил добитен.
Игрите на Државна лотарија на Македонија нудат можност за забава и добивки, а секоја недела на списокот на добитници ја имаме Македонија во мало.
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !