Иако во првите четири кола од натпреваррувањето по групи во Лигата на шампионите освои само еден бод со гол-разлила 3:12, Аталанта успеа да избори пласман во осминафинелто каде што ја пречекува Валенсија.
Екипата од Бергамо во својо прв настап во Лигата на шампионите на крајот го освои второто место во групата, зад Манчестер Сити, а пред Шахтјор и Динамо од Загреб. Потоа во жрепката за осминафиналето имаше среќа, бидејќи го извлече најслабиот од преостанатите седум можни противници.
„Валенсија е извонредно цврст и незгоден противник. Меѓутоа, имаме можност да испишеме нова страница во историјата на Аталанта и би бил сон да се мине во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Да ја извлековме Барселона, или Ливепрул, нашата судбина би била запечатена, но со Валенсија би рекол дека е 50-50“, изјави Џанпјеро Гасперини.
Тој е свесен дека Аталанта нема никакви шанси за освојување на шампионската титула, но се надева на нов пласман во Лигата на шампионите.
„Ако ме прашате дали Аталанта ќе ја освои титулата италијански првак, тогаш ќе кажам не. Би сакал да останеме во Европа, а квалификациите за Лигата на шампионите повторно за нас би претставувало како да сме го освоиле скудетото“, вели стратегот на Аталанта.
Италијанскиот фудбалски стратег нема поголеми грижи околи составување на тимот. Сите главни играчи се подготвени.
Валенсија, исто така, на драматичен начи дојде до осминафиналето, а клучна беше победата во последното коло во Амстердам против Ајакс со 1:0. Тренерот Алберт Селадес има доста грижи околу составување на екипата, а под прашање се настапите на Гамеиро, Силесен и Черишев.
Интересно е што Аталанта оваа сезона има постигната дури 63 погодоци во националното првенство. Само ПСЖ со 67 и Манчестер Сити со 65 имаат постигнато повеќе, а Валенсија постигнала 35 голови.
Аталанта и Валенсија досега не играче меѓу себе, а „Лилјаците“ го ловат своето прво четвртфинале по 2007 година.
Во вториот дуел вечерва, ќе се соочат Тотенхем и РБ Лајпциг. Англискиот тим ланската сезона дотурка до финалето во кое беше поразен од Ливерпул, а РБ Лајпциг првпат се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Жозе Мурињо има големи проблеми со повредите на напаѓачите. Веќе извесно време не може да смета на Кејн и Сисоко, а сега остана и без Сон Хеунг-мин. Кореецот се повреди во неделата на дуелот со Астон Вила и ќе мора да го оперира рамето. Неговиот вечерашен противник Јулијан Нагеслман е без Конате, Адамс, Кампл и Орбан.