Фудбалерите на Баерн се пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите по убедливата победа над Челзи, додека реваншот во Шпанија ќе го даде победникот од пресметката меѓу Барселона и Наполи. Ова е епилогот по вечерашните два осминафинални меча во елитното натпреварување.
Баерн во Лондон го совлада Челзи со 3:0 со головите на Серж Гнабри (два) и на Роберт Левандовски, сите во второто полувреме.
Дуелот Наполи – Барселона во Неапол заврши 1:1. Дрис Мертенс во 30. минута ги доведе домашните во водство, изедначи Антоан Гризман во 57. минута.
Реваншите во Минхен и Барселона се закажани за 18 маерт.