![porto stahtjor](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/porto-stahtjor.jpg?resize=649%2C487&ssl=1)
Фудбалерите на ПСЖ и Порто по одигрувањето на натпреварите од последното коло во средата се последните екипи коишто последни обезбедија осминафинале во Лигата на шампионите.
Во осминафиналето се пласираа Баерн, Копенхаген, Арсенал, ПСВ, Реал Мадрид, Наполи, Реал Сосиедад, Интер, Атлетико, Лацио, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Лајпциг, Барселона, ПСЖ и Порто.
Третопласираните екипи од групите ќе ги играат квалификациите за осминафиналето од Лига Европа. Тоа се Феенорд, Јанг Бојс, Ленс, Галатасарај, Брага, Бенфика, Милан и Шахтјор.
Пребогатиот ПСЖ избегна елиминација во групата ремизирајќи 1:1 со Борусија Дортмунд, која веќе претходно обезбеди премин. Во одличен меч, полн со шанси, Карим Адејеми ги доведе Германците во водство во 51. минута по двојната грешка на Карим Хакими, а само пет минути подоцна израмни Варен-Зере Емери од одбиена топка.
Резултатот на вториот натпревар, каде Милан победи во Њукасл со 2:1, беше во полза на парижаните, но и Милан затоа што обезбеди продолжување на натпреварувањата во Лига Европа. Њукасл водеше со голот на Џолинтон и да останеше тој резултат Англичаните ќе одеа во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Но, Пулишик и Чуквуезе ги растажија „Страчките“, кои остануваат без Европа.
Порто се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите победувајќи со 5?3 на домашен терен против Шахтјор во директната пресметка.
Во оваа група Барселона загуби кај Антверпен 2:3, за кој ова се први бодови и прва победа во Лигата на шампионите. Во драматичната завршница Марк Гиуи прво израмни за Барса во 91. минута, а во 93. Георе Илекихнена им донесе победа на Белгијците.
Феенорд беше поразен од Селтик
Фудбалерите на Манчестер Сити со сите шест победи ја завршија групната фаза од Лигата на шампионите, а во последното коло ја победија Црввена ѕвезда во Белград со 3:2. Сити дојде во Белград со резервен тим, но сепак поведе со 2:0 со головите на Мика Хамилтон (19) и Холанѓанецот Оскар Боб (62). Јужнокорејецот Хванг Ин-Беом (71) му донесе надеж на српскиот шампион, а Калвин Филипс од пенал на пет минути пред крајот ќе му донесе победа на Сити од пенал. Александар Катао само го намали резултатот на 3:2 во судиското надополнување.
Во вториот натпревар од групата Лајпциг победи со 2:1 на домашен терен против Јанг Бојс, а сите три гола стигнаа во рок од пет минути. Словенецот Бенјамин Шешко (51) ги доведе Германците во водство, израмни Ебрима Коли, а конечната победа ја донесе Швеѓанецот Емил Форсберг (56).
Сити и Лајпциг веќе обезбедија осминафинале, Јанг Бојс оди во Европската лига, а Ѕвезда ќе испадне од Европа.