ЛШ: Реми во Неапол, Порто подобар од Арсенал

Во првиот натпревар од осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони, во пресметката на двата великана во надолна линија, Наполи и Барселона одиграа 1:1, додека во вториот натпревар во средата вечерта Порто го победи Арсенал со 1:0.

Двата поранешни клуба на Диего Марадона се сретнаа на стадионот кој сега го носи неговото име, пред 49.529 гледачи. Барса беше подобра во поголемиот дел од натпреварот, имаше неколку одлични шанси, но сепак дуелот заврши 1:1. Роберт Левандовски ги доведе Каталонците во водство во 60. минута, а израмни Виктор Осимхен во 75. минута. Реваншот е на 12. март во Барселона.

Наполи и Барса досега двапати играа во нокаут-фазата на европските купови – во осминафиналето од Лигата на шампионите 2019/20. и плеј-офот од нокаут рундата во Лига Европа 2021/22, а Барселона се пласираше натамѕ и во двата наврати.

Наполи го предводеше новиот тренер Франческо Калцона, кој го презеде тимот само два дена пред гостувањето на поранешниот петкратен европски првак. Така Калцона стана третиот тренер на Наполи оваа сезона по Руди Гарсија и Валтер Маѕари. Од друга страна, Чави Ернандез си заминува од клупата на Барса на крајот од сезоната.

Барса одлично го отвори натпреварот и првата голема шанса ја имаше веќе во деветтата минута кога Ламине Јамал шутираше од работ на шеснаесетникот, но Алекс Мерет одлично одбрани. Јамал стана најмладиот играч кој играл во нокаут-фазата на Лигата на шампионите на УЕФА, со само 16 години и 223 дена.

Во 14. минута се закани и Левандовски, но не биеше во голот на домаќините. Осум минути подоцна полскиот напаѓач шутираше уште подобро, но Мерет беше подготвен. Италијанскиот голман брилијантно реагираше само минута подоцна кога шутираше Илкај Гундоган. Само во последните 10 минути од првото полувреме Наполи дојде до „здив“, но не можеше сериозно да го загрози противничкиот гол.

На почетокот на вториот дел повторно први се заканија гостите, но Гундоган не успеа да го совлада одличниот Мерет. Барса сосема заслужено поведе во 60. минута. Педри убаво го проработи Левандовски, а полскиот напаѓач одлично погоди во долниот десен агол од голот на Мерет. Водството на Барселона траеше 15 минути, Наполи успеа да израмни во 75. минута од првиот удар кон противничкиот гол, а стрелец беше Виктор Осимхен. Андре Замбио Ангуиса одлично го вработи нигерискиот напаѓач, кој се ослободи од голманот и шутираше покрај Марк Андре тер Штеген. Каталонците бараа фаул во нападот, но германскиот судија Феликс Цвејер само одмавна со раката.

Во вториот меч на вечерта, Порто со гол во четвртата минута од судиското надополнување го победи Арсенал пред 49.529 гледачи на стадионот „Драгао“ со 1:0. Херој на натпреварот беше бразилскиот напаѓач Драгао, кој со фантастичен удар од околу 20 метри ми донсе победа и предност на својот тим во пресрет на реваншот на 12. март во Лондон.

Гостите имаа повеќе од 65 отсто посед на топка, но не успеаја да упатат ниту еден удар во рамките на домашниот гол, додека Порто имаше по една голема шанса во секое полувреме, а двете ги имаше Галено.

Арсенал доминираше на теренот од самиот почеток и имаше дури 75 проценти од поседот во првите 15 минути. Сепак, Порто ја имаше првата голема шанса во 21. минута кога Галено промаши зицер. Чико Консеикао нафрли од десната страна, топката од играч на Арсенал се одби до Галено, кој во трк шутираше силно од седум-осум метри, но топката ја погоди стативата. Сепак, таа повторно отскокна до него, но бразилскиот напаѓач го промаши голот при вториот обид.

Во продолжението на полувремето „Топчиите“ продолжија со уште поголем посед на топката, но не успеаја да упатат ниту еден удар во рамките од голот на Порто. Арсенал беше најблиску до погодок во 56. минута кога Тросард остана сам на втората статива по нафрлување од корнер, шутираше но непрецизно. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Галено упати прекрасен удар од околу 20 метри во далечниот агол за победа на португалскиот тим.