Лучиано Бенетон во 82-та се враќа на чело на семејната компанија

Лучиано Бенетон, еден од основачите на истоимената компанија којајшто се занимава со изработка и продажба на облека, наскоро се враќа на нејзиното чело за да се обиде повторно да ја постави на нозе.

„Во 2008 година ја напуштив компанијата којашто работеше со 155 милиони евра актива, а сега повторно ја преземам со 81 милион пасивен биланс од 2016 година А оваа година ќе биде уште полоша. За мене тоа е многу болно и не смее да се толерира. Токму затоа и се вратив во игра“, вели Лучано Бенетон во интервју за италијанскиот дневен весник La Repubblicа.

„И додека другите не’ имитираат ‘United Colors of Benetton’ ги губи своите бои. Само пропаднавме. Продавниците, кои беа полни со сјај, сега се мрачни и тажни. Го затворивме дуќаните во Јужна Америка и во САД“, со жалење констатира.

Смета дека најголемата грешка била што се „престана со изработката на џемпери“. Оценува дека тоа е исто како „од аквадуктот да ја повлековме водата. Управата беше лоша, но притоа не мислам дека станувало збор за криминалци. Билансот е во црвено, а грешките несфатливи“, додава Бенетон.

Со компанијата по Лучиано продолжи да управува неговиот син Алесандро Бенетон, а потоа менаџери кои не беа од семејтвото Бенетон