Лучиќ: Заев ќе биде добар и со Албанците и со Бугарите, а тоа ќе го платат Македонците

Премиерот Зорaн Заев ќе биде добар и со Албанците и со Бугарите, а вие Македонците тоа ќе го платите, предупреди српскиот геополитичар и публицист, Дејан Лучиќ, кој синоќа беше гостин на новинарот Васко Ефтов во емисијата „Во Центар“.

Во гледаната емисија на телевизијата Алфа, Лучиќ говореше за актуелните политички состојби во Македонија и во Србија.

„На Македонија и на Србија навистина не им треба некој голем претседател. Некој човек што ќе глуми татко. Веќе пораснавме како држави. Треба да се соберат 300 најпаметни Македонци и тие да ја водат државата. Ако немате триста, тогаш имате 30. Време е народот да каже што мисли. Што се однесува до Зоран Заев, тој ќе биде близок и со Албанците и со Бугарите, а вие Македонците тоа ќе го платите“, рече Лучиќ.