Лудило на Волстрит по остриот пад на Dow Jones

Паника завладеа во понеделникот на Волстрит каде што главниот индекс на њујоршката берза драстично падна по повеќемесечната берзанска еуфорија за којашто американскиот претседател Доналд Трамп редовно пофално се изразуваше.

Индексот Dow Jones Industrial Average остро падна во вториот дел од денот и за неполн час ги мина праговите од 500, 1.000 и 1.500 загубени индексни поени. Сега е на најниското ново, со пад поголем од 10 отсто во однос на последниот рекорд забележан на 26-ти јануари.лекуваше

Стрмоглавниот пад беше директно следен од телевизиите, а го привлекуваше вниманието на минувачите во Њујорк, пренесуваат агенциите.

По помалото закрепнување пред краот на денот, индексот Dow Jones на крајот падна за 4,60 отсто. Технолошкот индекс Nasdaq загуби 3,78 проценти, а индексот S&P 500 кој го сочинуваат петстотини најголеми компании излистани на берзата во САД за 4,10 отсто.

Оваа драстична корекција на берзата се случи на денот кога Џером Пауел ја презема должноста гувернер на американската централна банка Federal Reserve (Fed) којашто досега ја извршуваше Џенет Јелен, досега единствената жена на оваа позиција.

Меѓутоа, оваа корекција одамна ја очекуваа. Белата куќа во изјава за телевизиската мрежа CNBC News во понеделникот соопшти дека „секогаш е загрижена кога вредноста на пазарот паѓа“. Но портпаролот зборувајќи малку подоцна за „краткорочна флуктуација на пазарот“, истакна дека американската економија и натами е „многу силна“ и дека „оди во добра насока“. Имено, стапката на невработеност во САД моментално е на најниското ниво во последните 17 години, а растот на бруто домашнот производ (БДП) во 2017 година се устали на 2,3 отсто.

 

Незабележан дневен пад на акциите

Индексот Dow Jones го заврши тргувањето во понеделникот со загуба од 1.175 поени или 4,60 отсто, на 24.345 поени, додека индексот S&P 500 се лизна на 4,10 проценти, на 2.648 поени, а индексот Nasdaq падна за 3,78 отсто, на 6.967 иднексни поени.

Во сите 11 најважни сектори на S&P 500 индексот, цените на акциите остро паднаа, најмалку за 1,7 отсто, а најголеми загуби се забележани во секторите во финансискиот, здравствениот и индустрискиот сектор.

Пад на индексите Dow Jones и S&P 500 за повеќе од 4 отсто во еден ден не е забележано од август 2011 година, кога пазарите беа под притисокот на должничката криза во еврозоната и намалувањето на кредитниот рејтинг на САД.

Во понеделникот паднаа и цените на сите 30 акции од составот на Dow Jones индексот, кој во еден момент беше во минус од 6,3 отст или речиси 1.600 индексни поени. А ваков пад во бодовен пад во еден ден не е забележан никогаш претходно.

Остриот пад на овие индекси е последица од стравувањето на инвеститорите од раст на инфлацијата и каматите. Уште минатата седмица цените на акциите остро паднаа, откако беа објавени податоци за силниот раст на вработеноста и платите во САД. Тоа, имено, би го поттикнало растот на потрошувачката, а со тоа и на инфлацијата, што би можело да ја наведе американската централна банка да го забрза темпото на зголемување на клучните каматни стапки.

Имено Fed минатата 2017 година ги зголеми клучните каматни стапки во три наврати за по 0,25-процентни поени, а се очекува дека оваа година дополнително би ги зголемил каматите во два до три наврата, почнувајќи од март. Поради тоа последните денови брзо растеа приносите на американските обврзници, па достигнаа највисоки нивоа од почетокот на 2014 година. А повисоките приноси им штетат на акциите, бидејќи поради тоа растат трошоците на задолжувањата на компаниите. Покрај тоа, повисоките приноси претставуваат и алтернатива за инвеститорите, кои би можеле да повлечат дел од средствата од акциите и да купат обврзници.

 

Индексот на стравот најголем од 2015-та

На паниката на пазарите укажува и скокот на VIX „индексот на стравот“ на Чикашката берза на опците за 20 поени, на 30,7 бодови, највисокото ниво од август 2015 година. Тоа покажува дека вложувачите засилено ги осигуруваат своите портфељ од можен натамошен пад на цените на акциите.

На зголеменото повлекување на инвеститорите од пазарот укажува, пак, големиот обем на тргувањето. На американските бери во понеделникот сопствениците ги заменија 11,5 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 7,6 милијарди акции.

Сега на пазарот се поствува прашањето дали ова е завршување на деветгодишното владеење на „биковите“, период на речиси непрестаен раст на цените на акциите, или станува збор за долго очекуваната корекција на пазарот пред новиот тренд на раст. Или, пак, можеби се работи за почетокот на владеењето на „мечката“, периодот на падот на цените на акциите.

„Многу инвеститори кои беа на пазарот последните три до четири години, никогаш не виделе ваков пад. Психологијата на пазарот денес е променета и ќе биде потребно извесно време за таа психологија да се врати“, вели за Reuters Денис Дик, трговец во компанијата „Bright Trading“.

Дел од аналитичарите велат дека пазарот го поддржуваат добрите деловни резултати на компаниите, неодамна воведената даночна реформа и релативно силниот раст на американската економија, додека стапката на невработеност се движи на 4,1 отсто, што е најниското ниво во последните 17 години. Други, пак, велат дека пазарот по повеќегодишниот силен раст и постојаното достигнување на рекордни нивоа проценето во контекстот на раст на приносите на обврзниците и плановите на централните банки во светот оваа година да ги укинат поттикнувачките монетарни мерки со коишто со години со ниската цена на парите го поддржуваа растот на цените на акциите.

Терминскиот S&P 500 најавува натамошен пад

Кој дел од економските аналитичари е во право ќе покаже времето. Факт е, сепак, дека терминскиот индекс S&P 500 во моментов е во мунис за дополнителни 2,5 отсто, а во вторникот на Волстрит цените на акциите би можеле дополнително остро да паднат. А по понеделничкиот пад, S&P 500 индексот сега е во минус 7,8 отсто во однос на своето рекордно ниво достигнато пред семо десет дена. Притоа ги загуби сите добивки од почетокот на годинава, па сега во 2018 година е во минус за 0,9 отстсо. Индексто Dow Jones, пак, е во загуба од почетокот на годинава од 1,5 отсто.

„Пазарот последните денови силно растеше. А сега сме во атмосфера со раст на каматните стапки. Имаме силен раст на економиите и Fed би требало да продолжи со затегнувањето на монетарната политика. Се појавуваат вистински промени и на тоа му се придодаваат различните инвестициски инструменти“, вели Мајкл О’Рурк стратег во компанијата „JonesTrdaing“.