Околу 150 Азербејџанци организираа протест пред амбасадата на Ерменија во Лондон, но потоа се појавија и претставници на ерменската дијаспора.
Амбасадата на Азербејџан соопшти дека потоа следел судир меѓу двете страни.
Азербејџанците кои живеат во Лондон носеа знамиња од својата земја, а се собраа за да ги осудат дејствијата на Ерменија на границата со нивната држава.