Најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза“ соопшти дека за утре се откажни околу 600 летови поради штрајк на работнциите од државниот сектор на аеродромите низ Германија.
Синдикатот „Верди“го повика персоналот на штрајк, на сите најголеми аеродроми во Германија во текот на утрешната смена.
Целта на синдикатот е зголемен притисок на Владата пред третата рунда разговори за платите, која треба да почне кон крајот на месецот.
Штрајкот е дел од пошироката индустриска акција во која учествуваа работници од повеќе државни сектори.
Синдикатот изрази очекувања дека само на аеродромот во Франкфурт, кој е најпрометен во Европа, во штрајкот ќе учествуваат околу 1400 луѓе.
Штрајкот ќе ги опфати аеродромите во Келн, Бон, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Штутгард, Минхен и Франкфурт.