Луфтханза пријави нето загуба од 2,1 милијарди евра за првиот квартл

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во првите три месеци од годината забележа загуба од 2,1 милијарди евра поради намалената вредност на активата поради пандемијата со новиот коронавирус што го погоди секторот патување.

Во истиот период во 2019 година „Луфтханза“ имала нето загуба од 342 милиони евра.

– Негативниот резултат во првиот квартал се должи на отпис на 266 милиони евра на вредноста на флотата, намалувањето на книговодствената вредност на фирмата за кетеринг на Луфтханза, „ЛСГ Северна Америка“ за 100 милиони евра, како и отпис на вредноста на нејзината филијала „Јуровингс“ за 57 милиони евра, соопшти денескагерманската авиокомпанија.

„Луфтханза“ ги приземји речиси сите свои авиони за време на врвот на пандемијата со Ковид-19, а во април, пред каматите и даноците, соопшти дека во првите три месеци од 2020 година загубила 1,2 милијарди евра.

Надзорниот одбор на компанијата во понеделникот им препорача на акционерите да ја прифатат помошта од девет милијради евра, што Европска комисија ја услови со тоа „Луфтханза“ да им отстапи некои од своите слотови на аеродромите на конкурентите.