Луганск и Москва го обвинија Киев за убивање цивили што сака да го припише на руските сили

Киевскиот режим изведе уште една валкана провокација во обидите да ја дискредитира руската војска, откако во Николаевка, во источниот доминатно руски и рускојазичен регион Луганск, националистичките баталјони и украинската војска гранатираа станбени објекти, убивајќи и ранувајќи цивили, што потоа е снимено од американски и украински новинари со цел да се шират антируски фалсификати, изјави во саботат вечерта шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковникот Михаил Мизинцев.

Претходно во саботата портпаролот на силите од самопрогласената Луганска Народна Република, Иван Филипоненко, изјави дека укранските сили отвориле оган врз селото Николаевка иако тоа се наоѓа на територијата којашто е под контрола на силите лојални на Киев.

„Денеска од правец на Лисичанск од артилериски оружја и ракетни системи на украинските нацисти беше гаѓано селото Николаевка во областа на Попасна“, изјавил Филопоненко.

Прецизирал дека разузнањето на силите во Луганск регистрирало бројни експолизии на гранати во областа на улиците Ленинска и Кировска каде живеат околу 500 луѓе.

„Снимањето на оваа провокација го изведоа новинари на украинскиот телевизиски канал ‘1+1’ и на американскиот весник The New York Times, специјално за тоа донесени на злосторството од страна на специјалните служби на Украина. Тоа резултираше со жртви меѓу цивилното население и уништување на цивилната инфраструктура“, прецизирал Филопоненко но не можел да го прецизира и бројот на жртвите.

Информацијата подоцна ја потврди и Мизинцев, според кој однапред било договорено американските и укранските новинари преку медиумите уште еднаш да известуваат за наводни „руски напади врз цивили“.

Мизинцев ги потврди тврдењата од Луганск дека „репортери од The New York Times и украински новинари кои ги следат националистите, ги фотографирале и снимале последниците од артилериските напади наводно извршени од руските единици“.

„Однапред го предупредивме таканаречениот цивилизиран Запад дека овој и другите фалсификати на властите во Киев за наводни ‘руски злосторства’ се планирани за масовно ширење преку медиумите и на интернет во блиска иднина. Ваквите акции на украинските власти уште еднаш ја докажа нивната целосна рамнодушност кон судбината на цивлите во Украина“, истакан Мизинцев.