Тие ги ставаат своите цели пред доброто за другите и ги спроведуваат без оглед на загубите. Во споредба со другите луѓе, тоа ним им успева како од шега – не само затоа што на тоа му пристапуваат интелегентно, туку и поради тоа што никој не ги спречува.
Комбинацијата од нарцисоидност, макијавелизам и психопатија психолозите ја нарекуваат „темно тројство“. Луѓето што ги поседуваат овие карактеристики најлесно поминуваат во животот.
Психолозите Делрој Паулс и Кевин Вилијамс од Универзитетот Британска Колумбија во Ванкувер биле првите што пред повеќе од десетина години го истражувале темното тројство. Тие покажале дека станува збор за три различни карактеристики што често се јавуваат заедно.
Нарцисоидноста е карактеристична по нагласената увереност во соспствените права и зголемената слика за себе си. Станува збор за луѓе што се гладни за тоа некој постојано да им се воодушевува и мошне се чувствителни на критика, затоа што таа го доведува во прашање нивното поимање за сопствената вредност.
Лицата со висок степен на макијавелизам пред се, се добри манипулатори, продорни и без сочуство за другите. За нив целта ги оправдува средствата. Поради тоа самите ги утврдуваат правилата и ако е неопходно ги заобиколуваат моралните и законски граници.
Психопатијата е најмрачна од трите аспекта на темното тројство. Тие луѓе се со тврдо срце, импулсивни и не го познаваат стравот. Поради тоа се подготвени на секој ризик, не стравуваат од последиците, а каењето им е непознато.
Паулс и Вилијамс нагласуваат дека овие три особини се присутни кај секој човек во некој одреден степен, но во главно во низок степен. Тие кај кои што овие карактеристики се изразени во висок степен, воопшто не страдаат поради тоа. Напротив темното тројство може значително да им го олесни напредувањето во животот.
Постојат сфери во животот каде бројот на таквите луѓе е значително поголем. Понекогаш и за 4 до 10 пати. Со оглед дека луѓето што го поседуваат темното тројство тежнеат кон пари, статус и моќ, најмногу ги има таму каде што може да го добијат. Тие се најчесто на менаџерски позиции, затоа што таму се чувствуваат одлично, но и се исклучително успешни.
Луѓето со темно тројство, релативно малку работат, а добиваат релативно многу – на штета на другите.
Се на се, тие профитираат поради тоа што другите се толку доверливи, колебливи, пристојни и што им дозволуваат да ги фасцинираат со нивниот шарм, амбициозност и продорност.