Ботафого го ангажираше бразилското крило Луис Енрике од шпанскиот прволигаш Реал Бетис за рекордна сума кога станува збор за бразилските фудбалски трансфери, објави клубот во четвртокот.
Финансиските детали не се објавени, но шпанските медиуми велат дека клубот од бразилската Серија А му платил на Бетис сума од околу 20 милиони евра (21,69 милиони долари) за 23-годишниот фудбалер.
Ботафого наведе дека договорот ја претставува најголемата сума за трансфер што некогаш ја платил некој бразилски клуб. Играчот потпишал до крајот на 2028 година.
Бразилските медиуми објавија дека напаѓачот би можел да го напушти Ботафого на крајот на сезоната или во 2025 година како позајмен играч во Олимпик Лион, двата клуба се во сопственост на американскиот бизнисмен Џон Текстор.
Енрике, со целосно име Луис Ендрике Андре Роза Да Сиилва, одигра 64 настапи за Бетис, постигнувајќи четири гола и 10 асистенции, откако дојде од Флуминенсе во 2022 година.