Луис Енрике ќе биде нов селектор на Шпанија

Поранешниот тренер на Барселона, 48-годишниот Луис Енрике, ќе биде именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, објавија во понеделникот повеќе шпански медиуми.

Водечките спортски дневен весник Marca оваа вест ја објави на насловната страница, а во текстот се наведува дека Енрике бил избор на претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација, Луис Рубиалес. Веста подоцна ја пренесоа и другите шпански медиуми кои се сметаат за веродостојни.

Подоцна во понеделникот во Шпанската фудбалска федераија ќе биде одржана прес-конференија на којашто ќе бидат објавени промените во рамките на асоцијацијата, коишто се предивикани од заминувањето на Фернандо Иеро од позицијата спортски директот, како и со отказот а селекторот Хулиан Лопетеги само два дена пред почетокот на Светското првенство. Лопетеги во Русија го замени Иеро, но по елиминацијата во осминафиналето од Русија одлучи да ги напушти позициите во асоцијацијата.

Луис Енрике во текот на играчката кариера настапуваше за Спортинг Хихон, Реал Мадрид и Барселона, а како тренер се испроба во Селта Виго и во втората екипа на Барселона пред да седне на клупата на првиот тим на каталонскиот гигант и во периодот меѓу 2014 и 2017 година со Барселона да освои две титули првак на Шпанија, Лигата на шампионите и трипати триумифираше во шпанскиот Куп на кралот.