Уругвајскиот напаѓач на Барселона, Луси Суарез, најмлаку четири месеци ќе биде надвор од терените, поради операција на менискусот на десното колено, објави каталонскиот клуб.
Уругваецот во неделата го оперирал коленото, а првичните прогнози се дека најверојатно оваа сезона за Суарез е завршена.
Во четвртокот во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид, Суарез играл под инекции, а тоа само ја влошила состојбата на неговото колено, па била неопходна итна операција.
Во досегашниот дел од сезоната Суарез постигна 14 погодоци во сите натпреварувања.