![lebron doncic lejkers klupa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/lebron-doncic-lejkers-klupa.webp?resize=696%2C392&ssl=1)
Во ноќта кон вторникот по средноевропско време, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе ги одигра првите минути за својот нов НБА тим, Лос Анџелес Лејкерс.
Бројни американски медиуми во понеделникот објавија дека ова ќе биде прв натпревар на Дончиќ одигран по крајот на 2024 година. Последен пат за Далас играше на католички Бадник, по што следуваше подолга пауза поради повреда. Потоа НБА беше потресена од неверојатната размена по која Дончиќ го напушти Далас и заврши во Лос Анџелес Лејкерс.
„Започнува нова ера за Лос Анџелес Лејкерс. Лука Дончиќ дебитира против Јута“, објави спортската мрежа ESPN преку социјалните мрежи.
Дончиќ на тој начин би можел да има комонтно деби со својот нов клуб, бидејќи ривалот Јута е на претпоследното место во поредокот на Западната конференција со многу лош скор 12-39. ЛА Лејкерс моментално се наоѓаат на петтото место во поредокот на Западната конференција, со 31 победа и 19 порази.
Натпреварот меѓу Лејкерс и Јута Џез во Лос Анџелес започнува во 4,30 часот во вторникот по македонско време.