Лука Карабатиќ: Една од подобрите атмосфери во кои сум играл, Хрватска може се’ да им направи на Данците

Хрватската ракометна репрезентација е во финалето на Светското првенство. Избраниците на Дагур Сигурдсон славеа со 31-28 во распродадената Арена Загреб, а прв меѓу француските ракометари кој се појави пред новинарите по мечот беше Лука Карабатиќ (36).

Францускиот репрезентативец изјави дека Хрватска е фаворит за пласман понатаму, особено по фантастичниот почеток на натпреварот и девет гола предност во еден момент од натпреварот.

– Би рекол дека Хрватска беше фаворит бидејќи кога играш дома во ваква средина автоматски си фаворит. Имавме свои шанси, но одлуката беше донесена во првото полувреме, минус девет е огромна разлика. Во вториот дел бевме многу подобри, ја променивме одбраната и бевме поагресивни. Влеговме на минус три, но ни недостасуваа две-три топки – прокоментира Карабатиќ.

– Знаевме дека ова е нешто феноменално, ова е една од најдобрите атмосфери во кои сум играл.

-Со среќа на Хрватска во финалето. Данска е голем фаворит, знаеме каква репрезентација имаат, но Хрватска ќе има свои шанси. Пред две години ремизираа со Данците на Мундијалот, ако одбраната е на вистинското ниво, таму се може да се случи – заклучи тој.

Фото: Фејсбук репрезентација на Франција