Напаѓачот на српската репрезентација, Лука Јовиќ, не го убедил тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан дека е подготвен да игра за клубот, јавуваат шпанските медиуми.
Наводно, младиот напаѓач не ги исполнувал очекувањата на подготвителните натпревари, па може да биде даден на позајмица.
Порталот „Дон Балон“ пишува дека Јовиќ не гледа негативно на можноста да ја помине следната сезона во клуб каде би имал сигурна минутажа.
– Впечатокот што тој го остави досега е негативен. Тој беше незабележлив на првите пријателски дуели и немаше среќа пред голот. Тој едвај учествуваше во мечевите и беше многу незабележлив, се наведува во изданието.
Се додава дека на неговиот трансфер инсистирал претседателот Флорентино Перез, додека тренерот Зидан изјавил дека за Јовиќ се дадени голема сума пари (60 милиони евра) и дека за негов напредок ќе било подобро да остане во Ајнтрахт.
Наводно, Реал веќе размислува да го врати Јовиќ на позајмица во Франкфурт, а потоа да се врати во Мадрид.