
Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, на денешната прес-конференција информираше дека има пад на наплатата на ДДВ за 79 отсто од 1 до 14 април во однос на истиот период лани.
– Споредбено со истиот период лани, од 1 до 14 април 2019, има пад на вкупниот данок од 38,15 проценти, рече Лукаревска.
Рокот за достава на ДДВ-пријавите е 25 април, а на предлог на сметководителите, се размислува истиот да биде одложен.
Бројките за март говорат дека има пад од 12,28 проценти кај сите даночни приходи споредбено со ланскиот месец, додека минусот е 24 проценти во однос на планот.
Вкупните приходи за март изнесуваат 19 милијарди денари, а истиот месец има 16,80 отсто пад на ДДВ како најзначаен данок.
УЈП ги повикува самовработените и претпријатијата кои имаат пад во дејноста да ја искористат можноста од донесените уредби за ослободување од наплата на данок на добивка.
– Досега се поднесени и прифатени 370 барања за ослободување данок на добивка до УЈП, додаде Лукаревска.