Лукаревска ја презема партиската функција на Шекеринска во СДСМ

Како предлог на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска е изгласана за втора заменик-претседателка на СДСМ, откако Радмила Шекеринска најави повлекување.

Спореди информациите со 682 гласа „за“ и два „против“, Лукаревска беше избрана на денешниот 26-от конгрес на партијата. Таа доаѓа на местото на Радмила Шекеринска која два мандати беше на оваа позиција.

За разлика од Шекеринска, која пред изборот за заменик-претседателка, ги извршуваше највисоките функции во партијата, така што долги години беше потпретседателка, а од 2006 до 2008 и претседателка на социјалдемократите, додека во меѓувреме беше вицепремиерка за европски прашања, а потоа и пратеничка, Лукаревска ја презема функцијата како член на досегашниот состав на Извршниот одбор на СДСМ и како директорка на Управата за јавни приходи, каде што ова и е втор мандат.