![lukarevska 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/lukarevska-01.jpg?resize=640%2C370&ssl=1)
Триесет и седум компании од Скопје помогнати од двајца врботени во Управата за јавни приходи (УЈП) во текот на 2015 и 2016 година успеале да избегнуваат наплата на милионски долгови за данок на добивка, изјави во понеделникот директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Според Лукаревска меѓу субјектите има и приватни и државни фирми, од различни дејности, и поголемиот дел од нив ѝ се познати на јавноста и како дел од листата на должници што ја објавува УЈПправата за јавни приходи.
За случајот против две лица вработени во УЈП се води дисциплинска постапка, но дека истрагата ќе се проширува. Меѓу инволвираните, како што истакна, се и лица на високи раководни функции одговорни за мониторирање на системот.
„По основ на добиени информации и одредени сознанија за постоење незаконски дејствија и интервенции во системот на УЈП за данок на добивка, утврдено е дека свесно и намерно со интервенција и насоки од вработени во УЈП, извршено е изземање на 37 правни лица од постпаки на присилна наплата, односно овие фирми подолг временски период биле отстранувани од листите за генерирање опомени за наплата на долгови за данок на добика, што е услов за отпочнување постапки за присилна наплата“, рече Лукаревска.
Појасни дека сите 37 фирми биле ставени во привилигирана позиција на начин што во електронскиот систем на УЈП за данок на добивка била овозможена посебна програма за забрана за печатење опомени за долгови по основ на данок на добивка, која овозможувала подолг период, односно околу две години даночните обврзници да бидат изземени од постапки за присилно наплатување на евидентирани милионски долгови.
Истакна дека и покрај тоа што службите на УЈП имале обврска да го монитотираат целокупниот процес и да ги преземат сите неопходни мерки за издавање опомени согласно со евиденцијата и состојбата на долговите за даночните обврзници и да преземат мерки за отпочнување даночни постапки, тоа не било сторено токму за овие 37 фирми, цели две години.
Порача дека секој е должен да плаќа данок на начин утврден со закон.
„Никој нема да биде привилигиран надвор од Законот, ниту даночните обврзници, ниту бизнисите, ниту сметководителите, ниту граѓаните, а најмалку вработени во УЈП. Залоупотреба на положбата на даночниот службеник за остварување каква било корист за друго службено лице или за друго правно или физичко лице нема да се толерира и за сите инволвирани ќе бидат отворени постапки“, рече директорката на УЈП.