Лукас Биља е најновата желба на кралскиот клуб

Енцо Монтепаоне, агентот на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Лацио, Лукас Биља, откри дека неговиот клиент има добиено примамлива понуда од актуелниот европски клупски шампион Реал (М).

“Лукас се уште е на годишен одмор. Мислам дека моментално не се замара со неговата фудбалска кариера, не мисли на новата клупска сезона. Кога беше дел од Андрелехт, секоја година играше во Лигата на шампиони, но тоа не значи дека сега не е среќен во Рим. Нормално е да има голем интерес за неговите услуги. Лукас одигра одлично на последниот Мундијал во Бразил, беше важна алка од репрезентативниот тим на Аргентина. Мислам дека неговото место е во некој поголем клуб, а можам да потврдам дека веќе има добиено неколку примамливи понуди. Реал (М)? Да, точна е таа информација. Лукас е жалба на Реал (М)”, изјави агентот на аргентинскиот интернационалец.