
Излезната врата од фудбалскиот храм на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, “Паркот на Принцовите”, најверојатно за време на летниот преоден рок ќе му биде покажана и на бразилскиот интернационалец, Лукас Моура.
Повремениот репрезентативец на Бразил пред 18 месеци беше купен од Сао Пауло за 42 мил. евра, но се почести се критиките кои се упатени на неговата адреса, а се однесуваат на очајните партии како во француската Прва лига, така и во Лигата на шампиони.
Француските медиуми се убедени дека раководните лица на ПСЖ веќе ја започнале потрагата по клубот кој ќе биде подготвен да одвои најмалку 35 мил. евра за услугите крилниот напаѓач.
Таква понуда веќе најавија раководните лица на Манчестер Јунајтед кои се убедени дека Лукас вденаш ќе се вклопи во формацијата на Дејвид Мојес и ќе биде одлична замена за јапонскиот интернационалец, Шинџи Кагава кој сигурно ќе си замине од “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.