Лукашенко без најава даде свечена обврска за новиот претседаетелски мандат

Белорускиот претседател Александр Лукашенко во средата ненадејно без никаква најава ја положи свечената обврска за новиот претедателски мандат, порачувајќи дека Белорусуте „не избрале само претседател, туку и мир“.

Церемонијата на свечената обврска, која досега се одржуваше како голем настан, се одржува во атмосфера на масовните протести по претседателските избори од 9-ти август, на кои Лукашенко повторно победи со 80 отсто од гласовите. Резултатот не го признава опозицијата, како и Западот кој бара повлекување на Лукашенко и нови избори. Во спротивно Белорусија ќе се соочи со санции од Евопската унија и САД.

Државната новинска агенција Белта пренесе дека Лукашенко ја положил десната рака на копијата од белорускиот Устав и ја положил заклетвата, како и дека на церемонијата во Дворецот на независноста во Минск присуствувале неколку стотици лица.

Во текот на инаугурацијата, Лукашенко изјавил дека Белорусија не го избрале само претседателот на земјата, туку и го бранеле мирот и суверенитетот. Истакнал, исто така, дека ја презема функцијата „со чувство на гордост за народот кој ги минал искушенијата на цврстината на своите убедувања“/

„Ова е денот на нашата убедлива победа“, истакнал Лукашенко, додавајќи дека „не може и нема право да ги напушти Белорусите“.

Лукашенко ветил и дека социјалната политка и натаму ќе остане главниот белег на земјата и посочили дека „обоената револуција не успеа и покрај невидениот предизвик и ѓаволските подметнувања однадвор“.

Покрај забелешките за спорните избори на кои и покрај поканата од Минск не присуствуваа набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР со изговор дека немале доволно време да ја подготват мисијата, Западот се заканува и за остриот одговор на безбедносните сили на масовните протести. Специјалниот известувач за човекови права на ОН, Анес Марен, рече минатата седмица дека постои над 10.000 луѓе бидел уапсени од изборите, и дека постојат повеќе од 500 извештаи за тортура.