Белорускиот челник Александр Лукашенко одговори дела повторни ќе се кандидира на претседателските избори во 2025 година, извести во неделата државната белоруска новинска агенција БелТА.
„Кажете им (на опозицијата во егзил -з.р.) дела ќе се кандидирам“, порача Лукашенко за новинарите откако во неделата гласаше на парламентарните и локалните избори.
„Никој, ниеден одговорен претседател не би го напуштил својот народ кој го следеше во борбата“, додаде 69-годишниот Лукашенко.
Лукашенко е на власт во Белорусија од 1994 година и е еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин.
Договорот за формирање Унија (Сојузна држава) Белорусија и Русија е потпишан на 8-ми декември 1999 година. Неа ѝ претходеше формирањето на Заедницата на Белорусија и Русија во април 1996 година, а во април 1997 година на Сојузот Белорусија и Русија, со крајна цел создавање заедничка држава.
По доаѓањето на власт на белорускиот претседател Александр Лукашенко исчезна ентузијазмот за поголема политичка интеграција, бидејќи тој стравуваше од губењето на овластувањата и моќта, а често во минатото кокетираше и со Западот. Меѓутоа, Лукашенко се премисли откако увиде дека западните земји во своето приближување до границите на Русија имаат намера да изведат во Минск сличен преврат како и во Киев во 2014 година, а по претседателските избори во мај 2019 година кога не му беше признаена надмоќната победа и беа организирани масовни протести под обвинение дека се наместени резултатите. Тогаш Москва финансиски го поддржа во врска со наметнатите санкции, а му помогна и во нормализирање на безбедносната состојба имајќи ги предвид зголемените трупи на НАТО на белоруските граници
„И натаму година нѐ дели од претседателските избори. Многу нешта може да се променат. Секако, јас и сите ние, општеството, ќе реагираме на промените коишто ќе се одвиваат во нашето општество и на ситуацијата во којашто ќе дојдеме до изборите за една година“, го цитира Лукашенко агенцијата БелТА.