Лукашенко го обвини Западот дека инцидентот со авионот го користи за „хибридна војна“

Белорускиот претседател Александр Лукашенко во средата го обвини Западот дека го користи случајот со итното приземјување на авионот на компанијата „Ryanair“ по лажната дојава за подметната бомба и откажувањето на околнуте земји сојузиниц на САД да го примат авионот, за да води хибридна војна против него со лажно претставување на инцидентот.

Меѓународните авиокомпании ги променија рутите на своите летови за да го избегнат белорускиот воздушен простор, а на авионите од оваа земја им е заканува забрана за летање во Европа.

Белориската контрола на летот од Атина за Вилнус го повика авионот на „Ryanair“ да слета во Минск поради дојава за бомба. Западот го обвинува Минск дека тоа било исценирано за да се уапси поранешниот опозициски новинар Роман Протасевич кој од 2019 година живее во егзил, а во Белорусија се бара по неколку обвиненија за предизвикување безредија и екстремизам. Тој полетал од Атина каде што бил на форум на кој присуствала и другата белоруска дисидентка Светлана Тихановска.

Лукашенко, како што пренесува Sputnik Беларус, наведува прашува зошто по дојавата за подметната бомба, авионот не сакале да го примат ниту аеоромите на околните земји во Вилнус, Варшава, Лвов и Киев.

„Зошто капетанот на екипажот одлучил да слета во Минск кога имал само околу 70 километри до Вилнус? Зошто никој не сакаше да ги прими авионот кога информиравме за дојава за подметнат експлозив: ниту Вулнис, каде што леташе, ниту Варшава, ниту Лвов, ниту Киев. Зошто овие што сега страдаат и плачат не го примија овој авион? Се исплашија од одговорноста? Или, пак, навистина некому ми беше потребно тој да слета во Минск“, вели Лукашенко.

Натаму во својата прва изјава по овој случај од неделата кој дел од европските политичари во контекстот на своите децениски обвинувања за Лукашенко го нарекоа „државно спонзорирано грабнување“, белорускиот челник реке дека дејствувал според законот и во согласнот со меѓународните норми, а дека оние што го критикуваат тоа го користат за да ја поткомаат неговата власт, забележува Reuters.

„Како што предвидовме, оние однадвор и однатре кои ни посакуваат зло, ги променија своите методи за напади врз земјата. Тие прекршија многи црвени линии, ги напуштија здравиот разум и човечкиот морал“, изјавил Лукашенко во парламентот.

Лукашенко, покрај тоа, пред парламентарците зборувал и за „крвавиот бунт“ кој го планирал Протасевич во Белоруска.

Според него, одговорот на Западот на приземјувањето на авионот е дел од хибридната војна против неговата земја, којашто жестоко че одговори на секои санкции или провокации, пренесе службаната новинска агенција БелТА.