Белорускиот претседател Александр Лукашенко, главниот сојузник на Русија со која Белорусија има договор за унија од 1990-те години, му упати во средата честитки на украинскиот народ честитка по повод Денот на независноста, соопшти неговиот кабинет.
„Убеден сум дека сегашните разлики не можат да ги уништат повеќевековните темели на искрените добрососедски односи меѓу народите на двете земји“, рекол Лукашенко во неговата порака.
Додал дека Белорусија ќе продолжи да се залага за „јакнење на пријателските контакти темелни на двострано почитува на сите нивоа“
„Белорускиот претседател на Украинците им пожелува мирно небо, толеранција, храброст и сила да за го обноват добриот живот“, соопшти кабинетот на Лукашенко.
Украина во средата го одбележува Денот на независноста од Советскиот сојуз, во кој е формирана како самостојна советска република, и воено одбележува шест месеци од почетокот на војната со Русија.
Лукашенко, кој е најцврстиот руски сојузник во Европа, тесно економски и воено соработува со Русија, а Западот го обвинува дека ја отворил белоруската територија за руската војска на 24-ти февруари да ја започне офанзивата во Украина.